Дигитална телевизија

За врвна забава и потполно ново доживување Телекабел ви го нуди дигиталниот пакет бесплатно и тоа со повеќе од 100 телевизиски канали.

Искусете ја телевизијата во сосема нова димензија со кристално чиста слика и звук. Со овој пакет можете да уживате во бројните содржини понудени од најдобрите телевизиски и радио канали од светски брендови.

Влезете во светот на филмовите, сериите, музиката и останатите видови на забава со дигиталниот пакет на Телекабел.

Ве информираме дека каналите од Пакет Плус и Пакет Балкан Плус се кодирани. За следењето на каналите од овие пакети, како и за сите други дигитални канали на Телекабел оди преку дигитален DVB-C ресивер кој може да биде екстерен или вграден во ТВ приемникот, при што во овој случај потребно е во ресиверот да се стави smart картичка која може да ја добиете на користење од нашите наплатни центри без било каков надоместок.

Корисниците кои поседуваат ТВ со вграден DVB-C ресивер и не сакаат да користат надворешен ресивер потребно е да поседуват CA модул со Conax коден систем, кој може да се купи во наплатните центри на Телекабел за цена од 1500 денари еднократно. Корисниците кои поседуваат дигитален ресивер купен од Телекабел нема да имаат потреба да го купуваат CA модулот со напомена дека надворешните ресивери немаат можност за следење на каналите со висока резолуција.

За следење на еден од пакетите за секој ресивер или телевизиски приемник потребно е корисникот да поседува дополнителна smart картичка или дополнителен CA модул со smart картичка.

Активацијата на пакетите се врши во наплатните центри на Телекабел со поднесување на соодветно барање.