СЕМЕЕН ПАКЕТ

 

(1) Дополнителен интернет сообраќај: 0.1 денар/MB

Корисникот може да побара продолжување на користење на интернет сообраќај за тој месец со испраќање СМС на телефонскиот број 600000 со содржина: DATA START. Прекинување на дополнителното користење на интернет сообраќај се врши со испраќање СМС на телефонскиот број 600000 со содржина: DATA STOP.
Дополнително користење на интернет сообраќај за Семеен пакет вкупно најмногу е 10GB, односно корисниците може да активираат дополнителен интернет и да трошат 10GB месечно за сите 4 броја заедно.
Дополнителното користење на интернет сообраќај се наплаќа по мегабајт и цената изнесува 0.1 денар/MB.

Надградба +20GB национален интернет 

(2) Опцијата +20GB национален интернет за +200 денари месечно за Семеен пакет може да се активира со испраќање СМС со содржина “START20” на број 600000, преку корисничкиот профил на moj.telekabel.com.mk или во најблискиот наплатен центар.

Опцијата +20 GB национален интернет за +200 денари месечно автоматски се обновува (реактивира) секој следен месец и важи заклучно со календарскиот месец во кој корисникот побара деактивација преку клик на копчето за деактивација на Мој Телекабел, испраќање СМС порака за деактивација со содржина “STOP20” на број 600000 или поднесување барање за деактивација во најблискиот наплатен центар на Телекабел.

За Семеен пакет надградбата важи за сите 4 броја заедно. Ако имале сите 4 броеви заедно за трошење 20GB месечно, после надградба ќе имат 40GB/месечно.