Вработи се во Телекабел

Со својот брз развој Телекабел секогаш фокусот го ставаше на вработените. Технологијата е многу важна, но таа само претставува добар темел, а вработените се тие кои ги реализираат сите идеи, проекти и развој на компанијата.

Од компанија со десетина вработени, Телекабел денес е фирма со над 200 вработени. Тој број секојдневно расте бидејќи фирмата бележи пораст на приходите и корисниците и работи на развој на својата мрежа во нови населби и градови.
Телекабел вложува во својот кадар и во компанијата работат прекрасни луѓе кои се со многугодишен стаж во Телекабел и ги учат помладите колеги на вистинските вредности за една компанија – да ја сакаат и почитуваат, да бидат лојални и да го даваат својот максимум за подобра иднина на сите вработени. Горди сме што Телекабел е расадник на добар кадар, а пред се на добри и чесни луѓе.

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим следете ја нашата страна и инфо канал каде се објавуваат потребите за нови работни места, или испратете го вашето Cv на: rabota@tk.net.mk за да го имаме во предвид при отварањето на позицијата за која сте пријавени.

Друштво за телекомуникациски услуги ТЕЛЕКАБЕЛ ДООЕЛ Штип
Ванчо Прќе 88
2000 Штип

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи согласно со „Законот за заштита на лични податоци“. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за потполнување на слободните работни места во Телекабел, се додека не ја повлечете Вашата согласност. Сите испратени апликации за вработување се уништуваат по исполнувањето на целта, но не подолго од шест месеци.