ТЕЛЕФОНИЈА

Разговарајте најевтино

 

  • Без обврзувачки договор
  • Бесплатен телефонски приклучок
  • Бесплатен телефонски модем
  • Разговори со висок квалитет
  • Разговарајте со сите фиксни и мобилни оператори во светот
  • Разговарајте најевтино!

Телефонијата на Телекабел е сервис кој Ви нуди услуга базирана на VoIP (Voice over Internet Protocol). VoIP (Voice over Internet Protocol) претставува технологија за пренос на глас преку интернет, наместо преку традиционалната телефонска мрежа. Телекомуникациската мрежа базирана на IP протоколот е мрежа на иднината, која станува стандард секаде во светот. Co фиксната телефонија на Телекабел можете да разговарате со сите фиксни и мобилни оператори во светот.

Телефонијата можат да ја користат приватни и правни лица кои сакаат ниски телефонски сметки. На овој начин Телекабел ви нуди потполно унапредување на комуникацијата со сите Ваши бизнис партнери, пријатели и роднини и е првата компанија која постави нов стандард во телекомуникацијата во Македонија која понуди неограничени бесплатни разговори на своите корисници.

Единствено со Телекабел не сте обврзани со договор и можете телефонската услуга да ја користите во временски период кој на Вас ви одговара. Со тоа што ќе станете корисник на телефонските услуги на Телекабел добивате бесплатен телефонски приклучок, бесплатен модем (реверс – на користење) и неограничени бесплатни разговори со висок квалитет во мрежата на Телекабел.

Условот за да ја користите телефонијата на Телекабел е:

  • Корисникот да има активен КТВ приклучок.