Пренасочување на повик
Со услугата пренасочување на повик на Телекабел ќе бидете постојано достапни, без разлика каде и да сте, со само еден повик од личноста која Ве бара. Услугата овозможува дојдовните повици кон број од фиксната телефонија на Телекабел да бидат пренасочени кон број што сте го одредиле. Овој број може да биде од мобилна или фиксна телефонија, од било кој оператор во земјава.
Тарифирањето на услугата се врши според ценовникот на повици кон бројот (што сте го одредиле) каде се пренасочуваат повиците. Целосниот ценовникот можете да го видите на следниот линк.
Активирање на услуга
За активирање на услугата потребно е да внесете #72, бројот на кој сакате да ги пренасочите повиците и да остварите повик. По остварениот повик доколку активацијата на услугата е успешна ќе чуете звучен сигнал.
Пример: #7207xxxxxxx
Деактивирање на услуга
За деактивирање на услугата потребно да внесете *72 и да остварите повик. По остварениот повик доколку деактивацијата на услугата е успешна ќе чуете звучен сигнал.
Прес центар
Супербренд
Соопштенија за медиуми
Медиумите за нас
Преземи лого