Известување за нови канали

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека од денес корисниците на Телекабел имаат можност да го следат новиот канал Nova S .Се работи за канал кој до неодамна беше познат под името Top Kanal. Сега е ребрендиран во Nova S и со тоа стана дел од групацијата на Nova TV.
На каналот може да следите доста популарни серии, играни филмови, квизови како и ток шоу емисии. За да не го барате на нова фреквенција, истиот е поставен на местото на каналот Da Vinci во аналогната платформа, а дигитално е на местото на Trace Urban.
Каналот Da Vinci ќе оди само во дигиталната платформа.

Исто така Ве известуваме дека од неодамна е пуштен и каналот Kitchen TV – прв регионален кулинарски канал,посветен на готвењето, исхраната, традиција и култура, но и на едукација за здрави животни навики!
Каналот се наоѓа на местото на Trace Sports во дигиталната платформа.

На местото на каналот Viasat Nature/History направена е замена за каналот Epic Drama. Epic Drama е канал за сите љубители на драма. Екранизации на светски книжевни класици, наградувани серии од разни жанрови, вклучувајќи криминалистички, историски, политика и моќ, авантуристички,воени и научно фантастични! Канал за сите гледачи кои ги сакаат најдобрите историски драми на денешнината!
Каналот Epic Drama оди само во дигиталната платформа.

 

За сите дополнителни информации, слободно контактирајте не.
Телекабел