Започна новото наградување на Телекабел. Станува збор за доделување три MacBook лаптопи на тројца најсреќни корисници на оптичкиот интернет на Телекабел кои ќе учествуваат во трите извлекувања.
Првиот круг започна во месец Јуни, а со тоа и се отвори и првата шанса за сите корисниците на оптичкиот интернет, кои за да се вклучат во играта, потребно е да ги следат едноставните упатства. Корисниците учествуваат со корисничката шифра, која треба да ја напишат во коментар на една од објавите на социјалните мрежи на Телекабел, а која може да ја најдат на секоја месечна сметка. Во првиот круг предизвикот е да се тагне и пријател на кој му треба брз и стабилен оптички интернет.
Рокот за оставање коментари е 27 јуни 2025 година, петок, до 12:00 часот, а првото извлекување ќе се одржи истиот ден, во 13:15 часот.
Во следните два месеца ќе се реализираат и другите два круга, во кои ќе бидат извлечени уште двајца добитници.
Доволно е да коментирате само еднаш за да учествувате во извлекувањето, а Вашата шифра на корисник ќе биде единствена влезница, без оглед на бројот на оставени коментари.
Наградувањето е наша благодарност за вашата лојалност и одлична можност да го добиете најновиот MacBook, кој претставува симбол за квалитет и технологија.
Среќно!