Важечка од месец март 2023
Политика за приватност на личните податоци при посета на
интернет страницата на – ТЕЛЕКАБЕЛ ДООЕЛ Штип
www.teleкabel.com.mk
Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ТЕЛЕКАБЕЛ
ДООЕЛ Штип ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците
(понатаму: “корисник”) при посета на неговата интернет страница www.telekabel.com.mk
(понатаму: ”интернет страница”) како и при вршењето на електронско плаќање на сметки
преку порталот Мој Телекабел www.moj.telekabel.com.mk кој е составен дел од интернет
страницата на ТЕЛЕКАБЕЛ.
Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страница и не
се однесува за личните податоци што ТЕЛЕКАБЕЛ ги собира од своите корисници на други
начини.
Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други
интернет страници, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страница.
Секој корисник со првото користење на услугата електронско поштенско сандаче на
порталот www.moj.telekabel.com.mk и користење на онлајн услугите на Телекабел, изјавува
дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
Кои информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува.
Поради системска заштита, секогаш кога ќе ja посетите веб страницата на ТЕЛЕКАБЕЛ,
нашиот веб сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адреса на работната
страна, заедно со уште неколку технички податоци во сесијата т.е. посетата на интернет
страницата. При посета на интернет страницата, ТЕЛЕКАБЕЛ ги обработува Вашите лични
податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), кои корисникот ги
дава со своето прво користење на услугата електронско поштенско сандаче на порталот Мој
Телекабел www.moj.telekabel.com.mk, заради користење на нашите услуги и производи, како
што се: активирање или деактивирање на одредени услуги, информирање за состојбата во
врска со Вашиот претплатнички однос, електронско плаќање на сметка, наградни игри,
анкети..
При електронска наплата на сметки, ТЕЛЕКАБЕЛ нема пристап до податоците поврзани со
Вашата платежна картичка или сметка во банка. Податоците за кредитната картичка и
банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска банка
со цел наплата на фактури преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање
на фактурите е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички
на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси
се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Телекабел ниту ги собира ниту има пристап
до информациите поврзани со Вашата картичка или Вашата сметка во банка.
За кои цели се користат собраните податоци и информации?
ТЕЛЕКАБЕЛ ги обработува Вашите лични податоци за:
– овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за
подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон
корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната
поддршка.
– администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на
интернет страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги
нудиме преку неа.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта
заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се
врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци ТЕЛЕКАБЕЛ ја врши согласно прописите за заштита
на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани
технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на
личните податоци со кои располага.
Вработените во ТЕЛЕКАБЕЛ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации
(вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните
работни задачи.
ТЕЛЕКАБЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на
информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или
уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани
на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи,
согласно со законски предвидената постапка.
Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото
користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на
неговите корисници.
При посетата на интернет страницата од корисниците, ТЕЛЕКАБЕЛ може да евидентира
информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат
одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување
на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат: името
на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за
конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страницата, како што се
оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се
доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и
слични информации.
Колачиња на пребарувачот на интернет
Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на Вашиот компјутер или
мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со Вашите
лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Со помош на колачињата ТЕЛЕКАБЕЛ го следи движењето на посетителите на интернет
страницата и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на
интернет страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото
искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата.
Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната
посета на интернет страницата. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и
други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од Вашиот
хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од
други интернет страници.
ТЕЛЕКАБЕЛ користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страницата:
– Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на
основните функции на веб-страницата како навигација, онлајн купување, наплата, статистика
за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како
одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата, како што се
прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми.
Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие
подесувања. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во
Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при
што некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.
– Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и
изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на вебстраницата. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како
посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се
анонимни.
– Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и
персонализација на содржината на веб-страницата. Тие можат да бидат поставени од страна
на ТЕЛЕКАБЕЛ, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страницата.
Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страницата
нема правилно да функционираат.
– Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку ТЕЛЕКАБЕЛ вебстраницата од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата
за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страници. Тие директно не ги зачувуваат
Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет
пребарувач и/или интернет-уред.
На интернет страницата има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на
корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има
поставено.
Со посетата на интернет страницата посетителите може да направат избор кој тип на
колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Подесувања
за колачиња”. Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење
на веб-страницата, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.
Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот
да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност,
одредени делови од интеренет страницата може да не функционираат како што е
предвидено. За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: Подесувања за
колачиња.
Одлука на корисниците
Телекабел сака да ги контактира своите корисници за да бидат навремено информирани за
сите тековни состојби на корисничките услуги, понуди и други новости во однос на нашите
продукти и услуги. Со првото користење на услугата електронско поштенско сандаче на
порталот www.moj.telekabel.com.mk, корисникот се согласува Телекабел да му се обраќа
преку е-пошта или телефонски број. Корисниците на оваа услуга ќе бидат информирани за
сите битни промени поврзани со новите понуди и услови во претплатничкиот договор. Секој
корисник на Телекабел, фактурите ќе ги добива во електронското поштенско сандаче на
порталот www.moj.telekabel.com.mk, на е-пошта доколку корисникот има такво барање и
нема да бидат испраќани по регуларна пошта.
Ремаркетинг
ТЕЛЕКАБЕЛ информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies”), ги
користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на
други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на
интернет страната на www.telekabel.com.mk и обезбедена согласност за оваа активност.
Google, Facebook и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ
различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads”
се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на ТЕЛЕКАБЕЛ преку
користење на колачиња.
На пример, кога со посетата на www.telekabel.com.mk корисникот се интересирал за
одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се
генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на
корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна
која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за ТЕЛЕКАБЕЛ или
за содржината која ја посетил на страната на ТЕЛЕКАБЕЛ. Сите собрани податоци од
ТЕЛЕКАБЕЛ ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со
политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.
Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и и Facebook
рекламираат до нив со пристапување на следните страници: За “Google”:
https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en и за “Facebook”:
https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/.
Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на
неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет
пребарувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му
овозможува на корисникот да го подеси својот интернет пребарувач да ги информира
интернет страниците дека неговото движење на интернет не сака да биде следено.
“DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на
делот “Параметри” (Preferences) или “Поставки” (Settings) на интернет пребарувачот кој го
користи.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
ТЕЛЕКАБЕЛ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во
кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и
ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува
дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е
свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страницата
www.telekabel.com.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, Ве молиме да го прекинете
пристапот до интернет страницата. Доколку имате какви и да било прашања поврзани со
заштита на личните податоци, можете да не контактирате на е-адресата
moj@telekabel.net.mk
ТЕЛЕКАБЕЛ ДООЕЛ Штип
Датум на ажурирање: месец март 2023