Политика за „колачиња“ на Телекабел Дооел
Каков вид на „колачиња“ користиме?
„Колачиња“ се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на веб страницата. Следната табела ги покажува колачињата што ги користиме:
Тип на колаче | Опис | Времетраење | Пример |
---|---|---|---|
Неопходни колачиња | Овозможуваат основни функции како навигација и пристап до безбедни делови од веб страната. Без нив, страницата не може правилно да функционира. | Сесија / Постојано | cookieConsent , PHPSESSID |
Функционални колачиња | Овозможуваат веб страната да запомни информации кои ги менувате, како јазик или регион. | Неколку дена до неколку месеци | langPref , rememberUser |
Перформанс/Аналитички колачиња | Служат за собирање информации за тоа како корисниците ја користат веб страницата, со цел подобрување на функционалноста и перформансите. | До 2 години | _ga , _gid (Google Analytics) |
Колачиња од социјални медиуми | Овозможуваат интеграција со платформи како Facebook за споделување содржини и анализа на интеракции. | Зависи од платформата | fbp , fr (Facebook) |
Зошто користиме „колачиња“?
Со помош на ваквите фајлови, Телекабел Дооел го следи движењето на посетителите на веб страната и на тој начин собира податоци со цел подобрување на корисничкото искуство, како и оптимизација и унапредување на функционалноста на веб страницата.
Кои податоци ги собираме?
При посета на веб страницата, имајќи ја предвид природата на интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за идентификација на одредено лице. Овие податоци претставуваат статистички показатели и се користат за подобрување на квалитетот на веб страницата. Таквите информации може да вклучуваат: името на интернет пребарувачот, број на посети, просечно време поминато на страницата, тип на уреди, технички информации за конекцијата (како оперативен систем и интернет провајдер), како и IP (интернет протокол) адреси.
Колачиња од социјални медиуми – Заштита на личните податоци при користење на Facebook
На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Секој пат кога ќе ја посетите нашата веб страница со вклучена Facebook компонента (Facebook plug-in), вашиот интернет пребарувач автоматски ја прикажува таа компонента. Во текот на овој процес, Facebook добива информација за тоа која веб страница сте ја посетиле. Доколку сте најавени на Facebook за време на посетата, Facebook автоматски ги поврзува овие информации со вашиот профил. Ако не сакате овие информации да се пренесуваат, ве молиме одјавете се од вашиот Facebook профил пред да ја посетите нашата страница.
Упатството за заштита на податоците од Facebook е достапно на: https://facebook.com/about/privacy. Таму се објаснети процесите за собирање, обработка и употреба на податоци, како и опциите за поставки за приватност.
Прифаќање на условите
Корисникот има можност да даде или да одбие согласност за користење на „колачиња“. Со користење на веб страницата и прифаќање на „колачиња“, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за колачиња. Вашето континуирано користење на страницата по направени промени во Политиката ќе се смета за прифаќање на истите.
Ажурирано: мај 2025 година