Од 13.03.2022 услугата паркинг нема да биде достапна преку СМС.
За градовите Скопје (Градски Паркинг), Куманово, Штип, Струмица, Дојран, регистрација и наплата за паркирање може да се врши преку системот за зонско паркирање на https://www.parking.mk.
Појаснување за начинот на користење на системот има на линкот:
https://parking.mk/?language=mk&page=static§ion=business
Дополнително за корисниците на мобилни уреди со Андроид ОС има апликација “Parking.mk”. Мобилната апликација нуди повеќе можности, како на пример додавање на потсетник пред да истече паркирањето.
Чекорите за користење на паркинг-услугата како регистриран корисник се следните:
1. Корисникот ја отвара веб-страната https://www.parking.mk .
2. Се најавува како приватен корисник со внесување на мобилниот телефон и ПИН за најава кој ќе го користи.
3. По најавата врши он-лине уплата на средства кои ќе ги користи за паркирање.
4. По уплатата се враќа на почетната страна и за паркирање ја симнува мобилната апликација или продолжува со користење на веб страната.
5. Започнува паркирање.
За технички проблеми, на самата веб-страна https://www.parking.mk се дадени податоци за контакт за секое јавно претпријатие (телефон и маил).