За нас

Услугите на ТЕЛЕКАБЕЛ во моментот се нудат во 13 градови во Македонија. Целосната покриеност со сопствена мрежа ги опфаќа Штип, Битола, Велес, Струмица, Кавадарци, Кочани, Св.Николе Скопје, Радовиш, Неготино, Прилеп , Охрид и Гевгелија.

Благодарение на конкурентните цени, квалитетот на услугите, изборот на канали и пакети прилагодени на потребите на купувачите, како и коректниот однос кон корисниците. Телекабел е компанија која секојдневно се здобива со нови корисници и секоја година бележи пораст во бројот на корисници и пораст на приходите.

Со 24 часовна грижа за своите корисници, постојано вложување средства за квалитетни канали и одржување ниска цена за своите услуги. Телекабел денес има задоволни корисници кои ја претставуваат моќта и иднината на компанијата.

Од компанија со десетина вработени во 1997 година, Телекабел постигна голем успех заземајќи значајно место на телекомуникацискиот пазар во Р. Македонија. Следејќи ги трендовите и развојот во телекомуникациската сфера, за прв пат во Р. Македонија во 2001 година е поставена оптичка мрежа токму од страна на компанијата Телекабел. Сепак за најголемо достигнување се смета стартот на кабелскиот интернет кој исто така за прв пат во Македонија стартува во мрежата на Телекабел. Благодарение на ниските цени кои оваа компанија ги понуди во почетокот, паднаа високите цени кај монополот, па така денес во Р. Македонија секое семејство може да си дозволи користење на интернет. Истото се случи и со фиксната телефонија. За само неколку години во мрежата на Телекабел се вклучени илјадници корисници кои меѓусебе имаат можност да разговараат бесплатно и неограничено.

Денес Телекабел е фирма со многу километарска поставена мрежа, со многу стручен кадар, многу вработени и во секој град каде што работи има свој сопствен деловен простор уреден по најновите светски трендови со што им обезбедува пријатно чувство на вработените и корисниците кои доаѓаат таму.

Со квалитетно и професионално работење и мотото – клиентот секогаш на прво место, Телекабел е она што е денеска – една од најуспешните македонски компании  и македонски препознатлив бренд.

Телекабел е 8 години по ред во 200-те најуспешни компании во Македонија. Во 2013 година е рангирана на 51 место на листата најуспешни. Прогласена е за најхумана компанија во Штип, најдобра компанија во Штип, МК Бренд на Македонија, а за 2011/12 и 2013/14 и за Супер Бренд на Македонија.

За да се изгради вистински бренд, лидер на пазарот, важно е компанијата да биде и општествено одговорна – активно да придонесува за доброто на заедницата.

Во последните неколку години, Телекабел својата годишница ја одбележа со хуманитарни активности.