5 години по ред Телекабел е брендот кој ужива најголема доверба кај студентите.

5 години Телекабел е добитник на признанието СТУБРЕНД.

Кога станува збор за телекомуникациски оператор, најважно за студентите е тоа што Телекабел работи БЕЗ обврзувачки договор. Со таа опција тие имаат можност да ги користат нашите услуги тогаш кога имаат потреба од нив, а кога се враќаат дома, едноставно да ги откажат без притоа да имаат дополнителни трошоци.

Изборот на над 130 квалитетни канали, оптички интернет и мобилна телефонија се услугите кои најчесто ги одбираат нашите студенти. Затоа што тие знаат колку е важно да си информиран навреме, да имаш брз и стабилен интернет постојано и да плаќаш најмалку, а да добиваш најмногу на својот мобилен телефон.

Им благодариме за довербата и се радуваме на наградата која се трудиме секоја година да ја задржиме кај нас.

Среќна студентска година, многу успех и незаборавни студентски денови исполнети со знаење, љубов и насмевки, драги студенти!